ПУНТЕС

ПУНТЕС (Ⅺ в.) – нормански гроф и војсководец. Заедно со Петар Алифа, испратени од Боемунд Тарентски да ги освојат Полозите и Скопје (во есента на 1082). Воспоставил норманска власт во Скопје, но подготвувал предавство (во зимата на 1082/1083), бил откриен, но успеал да избега кај царот Алексиј И Комнин.
ЛИТ.: А. Тончев, Италианските Нормани и Балканското население под византиŸска власт (1081–1100 г.), „Исторически преглед“, ЏЏЏИ/3, София, 1975. Б. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *