ПУПИН, Михајло

ПУПИН, Михајло (Извор, Панчево, Србија, 4. Ⅹ 1854 – Њујорк, ⅩⅠⅠ 1935) – физичар, ред. проф. по математичка физика на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Без средства во 1874 г. пристигнал во САД. Упорно работел и учел и дипломирал (1883) на тогашниот Колеџ Колумбија. Специјализирал во Кембриџ и Берлин и докторирал (1889) кај Хелмхолц со студија за осмотскиот притисок и неговата врска со слободната енергија. Најголемо откритие му се Пупиновите калеми, кои овозможиле телефонско поврзување на големи растојанија. Бил извонреден предавач, а два негови докторанти станале нобеловски лауреати (Миликен и Лангмјур). Тој одиграл значајна улога при формирањето на границите на Југославија во 1918 г. Во помошта што ја праќал за родниот крај, посебен дел бил за Македонија. Бил претседател на Њујоршката академија на науките и еден од основачите на Друштвото на физичарите на САД. За автобиографското дело „Од имигрант до пронаоѓач“, награден е со Пулицеровата награда (1924). Лабораторијата за физика на Универзитетот Колумбија го носи неговото име и е прогласена за историски споменик на САД.
БИБЛ. Од емигрант до пронаоѓач. Предговор, превод и редакција Костадинка Младеновска, Скопје, 1999.
ЛИТ.: Проф. д-р Павле Митрески, Михајло Идворски Пупин за Македонија, Битола, 1995. В. Ур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *