ПУРОВСКА-ВЕЛЕВСКА, Зоица

ПУРОВСКА-ВЕЛЕВСКА, Зоица (Скопје, 16. Ⅸ 1956) – балерина. Балетското образование го добива во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на Е. Кушовска. Заминува на специјализација во Москва (1975-1976). Член на Балетот при МНТ како солистка (1974-2000), а набргу и првенка. П.-В. се истакнува со сигурна и чиста класична техника, бравурозност, облагородена со

Зоица Пуровска-Велевска со Зоран Велевски на сцена
емотивност и артистичка креативност. Уметнички директор на Балетскиот ансамбл (1997-1999).
УЛОГ: Мехмене Бану (А. Меликов, „Легенда за љубовта“), Жизел (А. Адам, „Жизел“), Одета и Одилија (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“), Китри (Л. Минкус, „Дон Кихот“) и др. Ем. Џ.

Фреска со ликовите на пустиножителите: св. Прохор Пчињски, св. Иван Рилски, св. Гаврил Лесновски и св. Јоаким Осоговски од црквата „Св. Архангел Миахаил“, с. Лесново, Злетовско (1341)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *