ПУХАН, Иво

ПУХАН, Иво (Пакрац, Хрватска,
28. Ⅲ 1916 – Скопје, 1999) – универзитетски професор, правник. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Загреб. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1946). По дипломирањето бил избран за асистент по предметот римско право на Правниот факултет во Белград (1947), каде што и докторирал на тема „Историјата на стариот римски нексум“ (1952). На Правно-економскиот факултет во Скопје бил избран за доцент (1952), а потоа за вонреден (1957) и за редовен професор (1962) по предметот римско право. Бил партизан во шестата личка дивизија (1944) и учествувал во операциите на Сремскиот фронт, каде што бил ранет (1945). Бил југословенски делегат на Хашките конференции за меѓународното приватно право (1960, 1964, 1968 и 1972) и судија на Уставниот суд на СРМ (1963–1971). Двапати бил декан на Правниот факултет во Скопје (1957/58 и 1975–1977) и двапати проректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1956–1960). Објавил голем број трудови во земјата и во странство и го напишал првиот учебник по римско право на македонски јазик.
БИБЛ.: Римско право, И -Ⅱ, Скопје, 1960. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години, 1951–2001, Скопје, 2001. Св. ш.

Добрила
Пуцкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *