ПУШКАРОВ, Никола

ПУШКАРОВ, Никола (Пирдоп, Бугарија, 14. ⅩⅠⅠ 1874 – Софија, 18. Ⅱ 1943) – Бугарин, учител, член на ТМОРО, скопски војвода и универзитетски професор, член на БАН. Завршил природни науки во Софија. Учителствувал во Педагошкото училиште во Скопје. Бил претседател на Скопскиот ОРК на ТМОРО. Во Илинденското востание бил војвода на чета што дејствувала во Скопско, особено во извршување диверзии на железничката линија Скопје – Велес и со акции кај Катланово. Се изјаснува за македонската национална посебност.
ИЗВ. и ЛИТ.: Спомени на Никола ПушкаровÍ, Материяли за историята на македонското освободително движение, кн. 7, СÍобÈава Л. МилетичÍ, Софи®, 1927; Г. Делчев, Спомени. Документи. Материали, Софи®, 1978. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *