ПЉАКОВСКИ, Драган

ПЉАКОВСКИ, Драган (Струга,
17. Ⅶ 1932) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот архитектонски конструкции. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1959). Освен со педагошка, се занимава и со научноистражувачка, со проектанска и со публицистичка дејност. Позначајни реализации: Домот на поезијата во Струга (1971) и Уметничката галерија „Вангел Коџоман“ во Струга (1972). Објавил повеќе статии во Зборникот на Архитектонскиот факултет во Скопје и посебни публикации. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *