РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ „КОЧО РАЦИН“

РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ „КОЧО РАЦИН“ – Скопје
– водечка установа за образование на возрасните во РМ. Основан е по иницијатива на Месниот синдикален совет (19. Ⅵ 1953) со цел да ги задоволува образовните и културните потреби на работните луѓе. Дејноста ја остварувал преку организирање масовни и систематски форми на работа: јавни предавања, циклус предавања, книжевни вечери, музички приредби, изложби, семинари и курсеви од разни области, како и училишни форми за основно и за стручно образование. Во петдецениското постоење, низ неговите активности поминале над 760.000 слушатели, од кои над 220.000 посетувале основно образование, 58.000 – средни училишта, околу 100.000 – курсеви за странски јазици и над
170.000 – курсеви за разни занимања и квалификации. По 1962 г. образовната активност се спроведувала преку центри, како основни организациски и работни едини
ци. Во 1974 г. кон Работничкиот универзитет се приклучува Народниот универзитет во Скопје, кој дотогаш функционирал како посебна установа за образование на возрасните (в. Народни универзитети). Денес претставува модерно организирана андрагошка установа, со разработени програми и форми, со современи средства и методи на работа и со соодветен стручен кадар. Неговата програмско-модуларна структура ја сочинуваат: курсеви за изучување странски јазици, за стручно образование од повеќе струки и занимања, курсеви во областа на информатичкото образование, како и форми за подготовка на ученици и студенти за продолжување на образованието.
ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *