„РАДНИЧКИ“

„РАДНИЧКИ“ (Скопје, 1937) – спортско друштво. Прв претседател бил Александар Танев. Фудбалската екипа се натпреварувала во Скопската лига. Активноста се одвивала и во времето на окупацијата. Под притисок на бугарските власти го смениле името во „Свобода“ и бојата на дресовите од црвена во зелена. Повеќето од членовите на Клубот биле припадници на КПЈ и СКОЈ: Дане Крапчев, Благоја Давков, Тома Пуриќ, Здравко Цветковски, Ми-то Матевски, Благоја Мисајловски, Михо и Живко Ивановски и др. Некои од нив биле осудени (1942 и 1943). Добар дел од членовите на Клубот стапиле во редовите на партизанските одреди. Активноста била обновена под името Фискултурно синдикално друштво „Работнички“, со претседател Александар (Цанко) Христов (1. Ⅶ 1945). Друштвото имало спортски секции (од 1948 клубови): фудбалска, атлетска, скијачка, одбојкарска (1945), кошаркарска (1946), велосипедска, пингпонгарска, шаховска (1947); ракометен клуб (1948), пливачки (1949), мечувачки, тениски (1950), карате (1969), боречки (1977) и др.
ЛИТ.: Славко Матовски, 40 години железничко спортско друштво „Работнички“,
Скопје, 1977. Д. С.

Воислав Радовановиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *