РАДОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ

РАДОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ
– кирилско полно изборно евангелие од втората пол. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., 182 л., Загреб, ХАЗУ, сигн. ИИИБ24 (Мих.6). Наречено според записот на главниот писец Радомир, покрај кој во пишувањето учествувале уште три лица. По јазично-ортографските особености се поврзува со Северна Македонија (Кратовската школа). Препишано е од постара кирилска предлошка која не била иста за целиот ракопис, некои делови сведочат за контакт со руската писменост. Мак. потекло на предлошката најјасно е одразено во делот што ги содржи читањата по Педесетница (л.

Радомирово евангелие (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.)
24–80), тука, на пр., се откриваат траги од започнатиот процес на мешањето на носовките, кои во текстот се употребуваат главно етимолошки и најчесто се деназализираат во согласност со северномак. дијалектна подлога (у, е). Одделни појави сведочат и за контакт со српската писменост. Сложената повеќеслојна структура на текстот со елементи од различна територијална и хронолошка припадност доаѓа до израз и во лексиката. Покрај добро потврдениот архаичен слој што се надоврзува на охридските традиции, присутни се и бројни подновувања карактеристични за рускиот полн апракос и поврзани со преславските лексички норми. Ракописот е калиграфски оформен и има извонредно богата орнаментика: 314 иницијали кои често претставуваат оригинални комбинации од тератолошки и антропоморфни форми.
ЛИТ.: Р. Угринова-Скаловска, З. Рибарова, Радомирово евангелие, Скопје, 1988 (изд., фототип., палеогр. и јаз. особ., индеџ верборум); истиот, Јазикот на македонските цсл. текстови, Скопје 2005, 93–126 (јаз. особ.). Зд. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *