РАДОМИРОВ ПСАЛТИР

РАДОМИРОВ ПСАЛТИР (од втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – литургиски псалтир со молитви од македонска редакција. Кирилски ракопис пишуван со ситно уставно писмо во централномакедонското подрачје од ѓакот Радомир, според когошто го добил и името. Содржи 172 пергаментни листа (14,5 Ⅹ 10 см). Познат е и под името Зографски псалтир. Се чува во Библиотеката на Зографскиот манастир на Света Гора под сигн. 1д13, а еден лист се наоѓа во збирката на Порфириј Успенски во Националната библиотека во Санкт Петербург под

Радомиров псалтир (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.)
сигн. ЉнИ 11. Има мошне богата илуминација.
ЛИТ.: Лилјана Макаријоска, Радомиров псалтир, ед. Стари текстови, В, Скопје, 1997. Л. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *