РАДОНОВ, Крум

РАДОНОВ, Крум (Банско, 8. Ⅲ 1912 – Софија, ?) – учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија (1941–1944). Завршил педагошко училиште (1931) и учителствувал во Неврокопската околија (1931–1932 и 1935–1938). Член на БКП (од 1934). Студирал во Брно (Чешка) и во Братислава (Словакија, 1939–1941). Бил партизан (22. Ⅵ 1941) и еден од основачите на Разлошкиот п.о. „Јане Сандански“ и негов прв командант, потоа генерал-лајтнант (9. Ⅸ 1944) и пратеник во Народното собрание на НРБ.
ЛИТ.: История на благоевградската окрÍжна организация на БКП, София, 1979. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *