РАДОСАВЛЕВИЌ, Добривое

РАДОСАВЛЕВИЌ, Добривое (Боби) (Књажевац, Србија, 28. И 1915 – Белград, 4. Ⅳ 1984) – српски комунистички деец, инструктор на ЦК на КПЈ и еден од организаторите на НОАВ во Македо

Добривое (Боби) Радосавлевиќ
нија, народен херој на Југославија и државник. Како апсолвент по агрономија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград, бил член на КПЈ (од 1933), на ПК на СКОЈ за Србија и на ЦК на СКОЈ, поради што бил осуден на четири години во Казнениот завод во Сремска Митровица. Подоцна бил секретар на Окружниот комитет на КПЈ за Заечарскиот округ и делегат од Србија на Петтата земска конференција на КПЈ (Загреб, 1940). Тој е еден од организаторите на НОАВ во Источна Србија, а потоа, по налог на ЦК на КПЈ и на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, испратен за инструктор на ЦК на КПЈ во Македонија (јули 1942 – јануари 1945). Бил избран за делегат на Второто заседание на АВНОЈ. По Ослободувањето бил секретар на Градскиот комитет на КПС во Белград, народен пратеник, министер за финансии во Владата на ФНРЈ, претседател на ЦК на СКС (есента 1966 – февруари 1968), член на ЦК на СКЈ и др. Носител е на Партизанска споменица 1941 и Орден Народен херој на Југославија.
БИБЛ.: На патот на победата, Бригада на братството и единството, Скопје, 1958, 29–32; Втора македонска ударна бригада, Скопје, 1973, 9–11.
ИЗВ.: Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941–1945, том И, кн. прва – седма, Скопје, 1969–1983.
ЛИТ.: Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *