РАДУША

РАДУША – рудник на Цр руда, кој се наоѓа 18 км северозападно од Скопје. Радушкиот масив е најголем (околу 70 км) и се смета за најрудоносен. Во неговиот подински дел преовладуваат дунити и харцбургити, каде што се и најзначајните рудни тела. Средната зона на масивот е изградена од харцбургити и лерзолити, каде што хромната минерализација е незначајна. Во кровинскиот дел дунитите се позастапени и минерализацијата е поприсутна. Хромните рудни тела се поврзани за дунитите со едноставна минерализација. Вкупните рудни резерви се
649.905 т. Т. Сер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *