РАЗВИГОРОВ, Ипокрит

РАЗВИГОРОВ, Ипокрит (с. Ново село, Штипско, 1900 – Плачковица, 9. Ⅹ 1927) – член на ВМРО. Во 1922 г. избегал во Бугарија и се вклучил во четата на кочанскиот војвода П. Михајлов. Учествувал во атентатот над генералот Михајло Ковачевиќ во Штип (5 Ⅹ 1927). За да не бидат фатени од полицијата на Кралството на СХС, со соучесникот И. Лилинков се самоубиле на пл. Плачковица.
ИЗВ. и ЛИТ.: ДАРМ, Фонд Македонски национален комитет, кут. 14; Премрежињата на македонското револуционерно движење. Спомени на Мирчо Кикиритков. Предговор и редакција: проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2003. З. Тод.

Михаил
(Мише)
Развигоров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *