РАЗВИГОРОВ, Михаил

РАЗВИГОРОВ, Михаил (Мише)
(Штип, 1873 – Штип, 21. Ⅲ 1907) – учител, револуционер, војвода. Завршил педагошко училиште во ќустендил и во Казанлак. Бил учител во Штип (1895), се вклучил во МРО, бил член на Окружниот комитет во Штип. По Виничката афера (1897) бил осуден на доживотен затвор (заточение во Подрум Кале, Мала Азија), амнестиран во 1902 г. Учествувал во Илинденското востание. По Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија. Учествува на Рилскиот конгрес (1905). Во март 1907 г. неговата чета би-ла опколена од османлиска војска. Во борбата се самоубил во запалена куќа.
ЛИТ.: „Македоно-Одрински прегледÍ“, 33, 1907; „Ил. ИлинденÍ“, 10, 1931–1932. В. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *