РАЗГРАДУВАЊЕ НА ШУМСКАТА ПРОСТИРКА

РАЗГРАДУВАЊЕ НА ШУМСКАТА ПРОСТИРКА – важен процес што влијае врз интензитетот на кружењето на минералните материи на шумскиот екосистем и врз резервите на шумската простирка. Тоа се одвива под влијание на огромниот број разградувачи што го преставуваат сапрофитниот начин на исхрана. Просечната брзина на разградување во плоскачево–церовиот дабов екосистем на Галичица изнесува 41,52% од годишниот опад, додека разградувањето во горскиот буков екосистем во Маврово изнесува 20,7%. Резервите на шумска простирка зависат од интензитетот на разградување, па затоа просечните резерви на шумската простирка се различни. Во плоскачево-церовиот дабов екосистем на Галичица изнесува 9,87/ха, а во
горскиот буков екосистем на Маврово 20,58 т/ха. Љ. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *