РАЗЛИЧНИК, ГАЛИЧИЧКИ
(Центауреа галицицае Мицевски) – локален ендемит во флората на РМ од фамилијата Астерацеае (сложеноцветни растенија). Познат е само за околината на Преспанското Езеро, кај с. Стење. Се развива како хазмофит, во пукнатини на варовнички карпи. Вл. М.