РАЗЛОШКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

РАЗЛОШКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
(1. Ⅴ 1943 – 9. Ⅸ 1944) – оружена единица на НОД во Пиринскиот дел на Македонија формиран од партизани од Разлошко и од Беличката партизанска чета „Јаким Цоков“. Командант на Одредот бил Крум Радонов, а политички комесар Георги Ј. Мадолев. Одредот го издавал в. „Работничко знаме“. Потоа бил преименуван во „Никола Парапунов“ (19. Ⅳ 1944). Бројот на борците изнесувал околу 150 (мај 1944) и бил поделен на три баталјони. Ги продолжил воените дејства до 9. Ⅸ 1944 г., кога влегол во составот на Македонската бригада „Јане Сандански“, составена исклучиво од Македонци. Бидејќи тоа не било дозволено, борците од Одредот биле вклучени во редовите на бугарската армија.
ЛИТ.: Георги Т. Мадолев, ВÍорÍжената борба в Пиринския краŸ 1941–1944, София, 1966; Енциклопедия Пирински краŸ, Ⅱ, Н–Œ. Благоевград, 1999. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *