РАКОВИ

РАКОВИ (Црустацеа) – членконоги, главно акватични организми. Населуваат морски и копнени води. Живеат слободно како пливачки форми, а мал број се седентарни или паразити. Телото се состои од различен број сегменти (членчиња) кај различни видови. Сегментите се јасно издвоени во глава, гради и опаш. Телото е заштитено со хитинска материја – кутикула, која претставува надворешен скелет. Раковите имаат големо економско значење. Планктонските видови се битна компонента во исхраната на рибите, додека покрупните видови се користат во исхраната на човекот. Во светот се познати преку 35.000 видови. Во Македонија оваа класа е многу добро проучена; утврдени се 513 таксони (486 видови и 27 подвидови), од кои, 137 се ендемични (113 видови и 24 подвидови). Оваа група организми е поделена во 5 поткласи: веслоноги ракови (Цопепода), рибни вошки (Бранцхиура), черупкари (Острацода), жаброноги ракови (Бранцхиопода) и виши ракови (Малацостраца).
ЛИТ.: Гордан Караман, Црустацеа, Ампхипода, Цаталогус Фауне Југославиае, Лјублјана, 1974, Ⅲ/3: 1–43; Младен Караман, Десетноги ракови – Децапода (Црустацеа: Малацостраца), Фауна на Македонија Ⅱ, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1976, 1–61; Група ав-тори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *