РАКОВИ, ВИШИ

РАКОВИ, ВИШИ (Малацостраца)
– крупни организми снабдени со оклоп. Се разликуваат од сите други ракови според низа особености во градбата и во големината на телото. Имаат константен број сегменти – 20. Поткласата опфаќа околу 20.000 видови. Оваа група организми во Македонија покажува многу висок степен на ендемизам (79%). Од познатите 95 таксони, 75 се ендемични. Од вишите ракови има: рамноноги ракови (Исопода), 47 таксони, од кои, 40 ендемични; разноноги ракови – Мрморци (Ампхипода), 43 таксони, од кои, 35 се ендемични и десетноги ракови (Децапода), 5 таксони, од кои, 3 ендемични: речен рак (Астацус астацус балцаницус Караман); поточен рак (Астропотамобиус таррентиум мацедоницус Караман) и крив рак – Краба (Потамон флувиатилис флувиатилис Хербст.).
ЛИТ.: Станко Караман, Ⅳ Беитраг зüр Кеннтнис дер Суссњассер-ампхиподен, „Гласник Науцног Друства“, Скопје, 1931, 9(3): 93–107; Младен Караман, Копнени изоподи, Зборник, Филоз. фак., Приштина, 1966, Ⅲ: 371–404; Гордан Кара-ман, ЏЛВИ Цонтрибутион то тхе Цноњледге оф тхе Ампхипода. Тњо субтераннеан Нипхрагус специес фром Ѕугославиа, Н. станкои н.сп. анд Н. илиденсис Сцхаферна (фам. Гаммаридае), „Гласник Реп. Завода Заст. Прир. Музеја“, Титоград, 1973,
6: 35–57; Гордан Караман, Црустацеа, Ампхипода. Цаталогус Фауне Југославиае, Лјублјана, 1974, Ⅲ/3: 1–43; Младен Караман, Десетноги ракови–Децапода (Црустацеа: Малацостраца). Фауна на Македонија Ⅱ, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1976. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *