РАКОВСКИ, Павле

РАКОВСКИ, Павле (с. Долна Клештина, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 24. Ⅴ 1913 – Скопје, 9. Ⅱ 1990) – деец на македонското национално движење и на грчкото комунистичко движење. Учесник во антифашистичкиот отпор. Во периодот на Втората светска војна составил азбука од 25 букви во духот на македонски-РАКОМЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Се јавува во 30-тите години на ХХ в. како хазена во Скопје, Куманово и Битола. „Големиот“ ракомет се развива по Ослободувањето (1948–1957). Бил формиран Ракометен сојуз на Македонија (1956), а сега Ракометна федерација (од 2002). Ракометни секции биле основани првин при ССД „Студент“ и СД „Работнички“ во Скопје (1948), а потоа и

Работник“ – Битола, „Манчо Малиминов“ – Неготино, „Милиционер“ – Скопје, „Младост“ – Велес, „Гоце Делчев“ – Прилеп и други. Прв републички првак за мажи (1950) и победник на Купот (1955) е РК „Работнички“ од Скопје, а за жени РК „Графичар од Скопје“ (1955, односно 1956).


Малиот“ ракомет бил воведен подоцна (1952) и станал многу популарен. Биле основани голем број клубови во Републиката и бил организиран соодветен систем на натпревари. Во Првата сојузна лига се натпреварувале: „Работнички“, „Графичар“ и „Вардар“ – Скопје, „Борец“ – Велес и


Пелагонија“ – Битола, а РК


Скопје“ во женската лига (до 1991). Освен ракометарите од РК


Работнички“, репрезентативци на Југославија биле и Ванчо Јовановски, Ѓорѓи Гајдов, Пеце Димитровски, Пепи Манасков и др. Ракометниот сојуз на Македонија станал член на Европската и Светската ракометна федерација (по 1992). Машката репрезентација играла на завршните натпревари за Европското првенство (1998) и за Светското првенство (1999). Најголем успех на женската репрезентација е освоеното седмо место на Светското првенство во Германија (1997). Најдобри машки екипи се: „Пелистер“ – Битола, „Вардар Ватростална“ – Скопје, а најдобра женска е „Кометал Ѓорче Петров“ – Скопје. Истакнати тренери биле: Славко Матовски, Драгољуб Лазиќ, Зафир Куновски, Љубомир Христовски, Панче Николовски и други, а меѓународни судии: Крсто Бојаџиевски, Христо Димов, Марјан и Драган Начевски и други.

ЛИТ.: 20 години ракомет во Македонија,
Скопје, 1968; 25 години ракомет во Македонија, Скопје. 1973; 30 години ракомет во Македонија, Скопје, 1978; Години самостоен македонски ракомет,Скопје, 2002. Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *