РАЛЕВ, Георги Х

РАЛЕВ, Георги Х. (с. Света, Крушевско, 1875 – месност Водениците, Крушевско, 20. Ⅴ 1911) – учесник во Илинденското востание. Бил во четата на Н. Русински (1901) и на В. Марков (1902). Во Илинденското востание се борел во четата на И. Наумов-Алабакот, а по востанието во четата на Ѓ. Наумов-Пљакот, И. Наумов-Алабакот и на Блаже Биринчето. Учествувал во битката на Ножот. Загинал во борба со османлиската војска (1911).
ЛИТ.: Н. Киров-МаŸски, Крушово и борбите му за свобода, Софи®, 1935. Ал. Тр.

Хисен Рамадани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *