РАМАДАНИ, Хисен

РАМАДАНИ, Хисен (с. Пирок, Тетовско, 3. И 1933) – политичар. Дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител, наставник, директор на основно училиште и просветен советник во Околискиот завод за школство во Тетово, член на Тетово, член на Општинскиот комитет на СКМ и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ во с. Жеровјане. Подоцна бил член на ЦК на СКМ, раководител на Комисијата за идеолошко образование и член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, пратеник во Собранието на СРМ и на СФРЈ, член на Универзитетскиот совет, член на Редакцискиот со-вет на в. „Комунист“ и секретар и потпретседател на Републичката конференција на ССРНМ, како и потпретседател на Извршниот со-вет на СРМ. По осамостојувањето на РМ бил член на Партијата на албанските интелектуалци и во два мандата пратеник во Собранието на РМ. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *