РАМАДАНИ, Хиџет

РАМАДАНИ, Хиџет (Хиџхет Рамадани) (с. Лисец, Тетовско, 2. Ⅹ 1924 – Скопје, 1990) – правник и политичар. Бил учесник во НОАВМ (од 1944) како инструктор на Околискиот комитет на СКОЈ во Тетово. По Ослободувањето бил учител (1945–1955), член на КПМ (од 1947), референт на Околискиот народен одбор во Тетово, претседател на Народниот одбор на Општината Сараќино, секретар и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ и секретар на Околискиот комитет на СКМ во Тетово (до 1966). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Бил член на ЦК на СКМ (од 1965), претседател на Комисијата за општествено-економски односи во општествено-политичките заедници и член на Претседателството на ЦК на СКМ (од 1966). Повеќе пати бил избиран за републички пратеник, потпретседател на Собранието на СРМ, член на Советот на Федерацијата (1970) и член на Претседатеслтвото на СРМ (од 1974). С. Мл.

Исмет
Рамиќевиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *