РАМИЌЕВИЌ, Исмет

РАМИЌЕВИЌ, Исмет (Дубница, Србија, 2. Ⅶ 1960) – скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1984). Самостојно излагал во Скопје, Сараево, Мостар. Работел скулптури во метал, камен и дрво. Од средината на деведесеттите години работи инсталации и амбиенти во кои употребува ефемерни и секојдневни материјали, главно весници свиткани во ролни (Лавиринт 3, 1998). Л. Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *