РАМКОВСКИ, Велија

РАМКОВСКИ, Велија (с. Дебреште, Прилепско, 4. Ⅱ 1947) – економист и стопанственик. Неговото семејство се преселило во Битола (1952), каде што завршил средно економско училиште, а потоа дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1970). Работел во неколку општествени претпријатија во Скопје (1972–1990), а потоа ја формирал најголемата приватна фирма во СФРЈ „Унипроком“ (Скопје, 1990), која за своето успешно работење ја добила сојузната награда на Стопанската комора на Југославија. Наскоро потоа ја формирал и првата приватна и една од водечките национални телевизии во Македонија Телевизија А1 (1992). Мошне ус-пешен е и новоформираниот синџир продавници „Хедис“ (2006) со достигнато ниво од над 30% учество на пазарот (2007). Спаѓа меѓу најуспешните стопанственици во РМ во последната деценија. Основач е на Партијата за економска обнова (2006) и на Фондацијата „Рамковски“ (2006) со цел да ги афирмира и популаризира духовните вредности на РМ, со низа афирмативни национални проекти од областа на историското минато, ликовната уметност и книжевноста: за националниот деец Димитрија Чуповски, писателот Петре М. Андреевски, скулпторот Боро Митриќески, сликарите Владимир Георгиевски и Новица Трајковски и други македонски современици. Посебно го популаризира Крсте Мисирков со мултимедијален проект во 28 општини, со подарување на 40.000 примероци од книгата „За македонцките работи“, организирање на „Месец на Мисирков“ на Универзитетот ФОН, поставување споменик на плоштадот Пела во центарот на Скопје (дело на скулпторот Боро Митриќески) и востановување на наградата „Крсте Петков Мисирков“, со вкупен фонд од 50.000 евра (пет награди: за наука, за уметност, за економија, за спорт и за животно дело). Ги објави и првите книги од конкурсот за роман, збирка раскази и збирка песни. С. Мл.

шукри Рамо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *