РАМО, шукри

РАМО, шукри (Сукру Рамо) (Штип, 28. Ⅺ 1918 – Скопје, 18. Ⅺ 1988) – поет, раскажувач, литературен критичар од турската националност во РМ; учесник во НОБ (од 1943). УШТЕ како политички комесар пишувал песни со тематика од НОБ. Бил прв главен и одговорен уредник на весникот „Бирлик“. Бил потпретседател на Собранието на СРМ и делегат на Собранието на СРМ. Најпознати негови песни кои се преведени на повеќе јазици се Фасист Курбанлар (Жртви на фашистите), О Инсан (Човекот). Член е на ДПМ (од 1949).
БИБЛ.: Татковина е една не заборави, 1950; Венец, 1959; Зелено село, 1972; Убави денови, 1973; Тој човекот, 1978; Гласот на мојата земја, 1983; Ситни капки, 1983;
Оган и восхит, 1983; Сакано цвеќе, 1985. ЛИТ.: Абдулкадир Хаѕбер, Македонѕа ве Косова Турклеринин Едебиѕат?, Истанбул, 2001. А. Аго

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *