РАПОПОРТ, Алфред

РАПОПОРТ, Алфред – австроунгарски дипломат (генерален конзул) во Скопје (1900– 1909), помошник на Хајнрих Милер при спроведувањето на Мирцштегските реформи. Автор на книгата
„Во земјата на мачениците“ (Париз, 1927). Оваа книга е квалификувана како потресно сведоштво за едно неповторливо време, во неа се понудени факти и коментари за Македонија низ поглавјата: Илинден, Мирцштег, „Комитаџиите“, Битола, Скопје, Света Гора, Солун, етничка Македонија и македонското прашање. Г. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *