РАСОЛКОСКА, Загорка Николовска

РАСОЛКОСКА, Загорка Николовска (Прилеп, 21. Ⅶ 1932) – историчар на уметноста. Дипломирала на Филозофскиот факултет
– Група историја на уметноста во Белград (1958), по што се вработила во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. До пензионирањето (1995) била основач и раководител на Одделот за уметност во Музејот на Македонија. Како истражувач на средновековната уметност, била раководител на проектот „Ктиторските портрети и натписи во ѕидното сликарство во Македонија во ⅩⅤⅠ век“. Автор е на постојани музејски поставки и на повеќе изложби во земјата и во странство.
БИБЛ.: Исус Христос Антифонитис од црквата Св. Ѓорѓи во Горни Козјак,
„Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија“, Ⅵ–Ⅶ, Скопје, 1975; Манастирот Зрзе со црквите „Преображение“ и „Св. Никола“, Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, Ⅳ, Институт за истражување на старословенската култура – Прилеп, Скопје, 1981;
Топличкиот манастир во светлината на новите истражувања, Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета, МАНУ, Скопје, 1989; О историјским портретима у Псачи и времену њиховог настанка, „Зограф“, 24, Београд, 1995; Творештвото на сликарот Онуфриј Арги
тис во Македонија, „Зборник за средновековната уметност“, бр. 3, Скопје, 2001.
С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *