РАЧЕВ-ВОЈВОДАТА, Никола

РАЧЕВ-ВОЈВОДАТА, Никола
(с. Бања, Разлошко, 14. Ⅵ 1903 – Софија, ?) – истакнат деец на македонското националнореволуционерно движење, еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. Учесник во Септемвриското востание (1923). Организатор на нелегална печатница и на организации и групи на ВМРО(Об) во Разлошко (1928– 1934). Бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Разлошко (1942–1944), секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај (Ⅱ–Ⅺ 1944) и пратеник во Народното собрание на НРБ.
ЛИТ.: Георги Т. Мадолев, ВÍорÍжената борба в Пиринския краŸ 1941–1944, София, 1966. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *