РАШАНЕЦ

РАШАНЕЦ (1903) – големо востаничко засолниште (збег) во Охридско, во планинскиот предел Гр-мешница, познато и како Марково Долче. Во Илинденското востание тука нашле засолниште околу
1.700 лица од охридско-струшките села. Османските војски и башибозукот ја пробиле одбраната и извршиле масакр (13. Ⅸ 1903) на 190 жени, деца и старци. Ал. Тр.
’РБЕТНИЦИ (Вертебрата) – пот-тип од типот хордати (Цхордата), чија главна карактеристика е присуството на ’рбетен столб или ’рбет, по што и го добиле името. ’Рбетот претставува оскен скелет кај овие животни и се состои од ’рскавична и коскена маса. Предниот крај на оскениот скелет завршува со ’рскавична или со коскена черепна чаура, во која е сместен мозокот, со кој се поврзани парните сетилни органи за мирис, вид и слух. Скелетот е секогаш внатрешен. ’Рбетниците се одликуваат со билатерална симетрија на телото и по правило имаат два пара екстремитети, кои се различно диференцирани во зависност од начинот на движењето. Кај некои видови тие може да се закржлавени или целосно да отсуствуваат. ’Рбетниците се групирани во два оддели: безвилични ’рбетници (Агнатха), во кој се вклучени една рецентна класа – круглоусти (Цѕцлостомата) и 2 изумрени класи. Во вториот оддел, ’рбетници со вилица (Гнатостомата), се вклучени две наткласи: наткласа риби (Писцес), со две изумрени и две рецентни класи: ’рскавични риби (Цхондрицхтѕес) и коскени риби (Остеицхтѕес). Во наткласата четириножни ‘рбетници (Тетрапода) се вклучени 4 рецентни класи; водоземци (Ампхибиа), влекачи (Рептилиа), птици (Авес) и цицачи (Маммалиа). Во зависност од температурата на телото, ’рбетниците се делат на: поикилотермни (ладнокрвни), во кои се вклучени круглоустите, рибите, водоземците и влечугите, и хомеотермни (топлокрвни), каде што припаѓаат птиците и цицачите. Во Македонија, наткласата риби (Писцес) е претставена со 58 автохтони видови. Класата водоземци (Ампхибиа) е претставена со 15 видови и 2 подвидови, додека класата влекачи (Рептилиа) со 32 вида и 8 подвида. Од класата птици (Авес) се регистрирани вкупно 338 таксони (319 видови и 19 подвидови). Од нив, 213 видови птици се гнездилки, додека другите се јавуваат во текот на зимата или во периоди на прелет. Класата цицачи (Маммалиа) е претставена со 82 видови и еден подвид, кои припаѓаат на 6 реда, 18 фамилии и 51 род. Од страна на човекот, намер-но или случајно, се внесени осум видови цицачи.
ЛИТ.: А. Димовски, Зоологија на ’рбетните животни, Скопје, 1991; С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје, 2003. Св. П. – В. Сид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *