РАЈНЕР, Петер Коц

РАЈНЕР, Петер Коц (Виена, Австрија 28. Ⅱ 1941) – хирург, ор-топед, редовен проф. на Унив. во Виена, академик. Дипломирал на Мед. ф. во Виена (1967), а специјализирал ортопедија (1974) и докторирал во 1979 г. Од 1984 г. е директор на Клиниката за ортопедија во Виена. Во 1983 ја организирал Ⅱ меѓународна работилница за дизајн и примена на тумор-ски протези. Имал бројни студиски патувања во САД, Канада, Германија, швајцарија, шведска и Велика Британија. Почесен член е на 9 меѓународни асоција
ции. Напишал 226 труда, 244 апстракти, 3 книги и 55 поглавја. Соработувал со Клиниката за ортопедија на Мед. ф. во Скопје и овозможил студиски престој на повеќе лекари од Скопје во Виена. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 10. Ⅴ 2006 г. Ѓ. З.
РАК, РЕЧЕН (Астацус астацус
Л.) – воден членконог организам. Живее во мирни истечни или во плитки неистечни води, во издупчени карпести крајбрежја. Тело

то му е долго до 16 цм. Има јаки клешти на првиот пар нозе и две посла
би на дру
Речен рак
гите два пара нозе. Се храни со ситни организми и детритус. Во Охридското и Дојранското Езеро и во вардарскиот слив живее македонскиот ендемичен речен рак
(Астацус астацус балцаницус Кара-ман). ЛИТ.: Младен Караман, Десетноги ракови – Децапода (Црустацеа: Малацостраца), Фауна на Македонија Ⅱ, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје 1976, 1–61; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К. – М. К.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *