РЕИЗОВСКИ, Дамјан

РЕИЗОВСКИ, Дамјан (околу 1770 – 1834) – протомајстор. Градел цркви во околината на Солун и по селата на Овче Поле и Гевгелиско. Во Бугарија градел во Самоков и во Пловдив. Негово најзначајно дело е Соборната црква „Св. Богородица“ во Скопје, која ја завршуваат неговите синови (во 1835). Ги поставува темелите на преродбенската сакрална архитектура во Македонија. Се застапува за синтеза на домашната традиција со неоренесансни и необарокни форми што е прифатено и развиено од неговите синови Андреја и Коста. Црквата „Св. Богородица“ е уништена во пожар (1944), нејзината реконструкција е започната во 2004 г. Освен со архитектура, се занимавал и со сликарство. Зачувани се скици за икони и фрески.
ЛИТ.: К. Томовски, Македонските мајстори градители во деветнаесеттиот век, МАНУ, Скопје, 2006, 40–42. Кр. Т.
РЕК „БИТОЛА“ – рударско-енергетски комбинат во Суводол – Битола. Рудник за јаглен – површински коп (6 мил.т/г.). Термоцентралата е со моќ од 3џ225 МЊ. Одлука за изградба е донесена во 1975 г., изградбата започнува во 1977, а во 1982 е пуштен во работа И блок, во 1984 Ⅱ блок, во 1985 започнува изградбата, а во 1988 г. е пуштен во работа и Ⅲ блок. РЕК „Битола“ работи како погон на ЈП „ЕСМ“. Се состои од 3 работни единици: Рудник, ТЕЦ и ФОД (Фабрика за опрема и делови). Во Комбинатот работат околу 3.200 работници. Јагленот (6.180–8.100 кЈ/кг) се складира на депонијата со капацитет од
560.000 т, на која се инсталирани ротобагери со капацитет од 2џ1.200 т/х и 1џ2.400 т/х. Има транспортни ленти со капацитет од 760 до 1.200 т/х. На 3-те блока во ТЕЦ се вградени проточни парни котли со капацитет од 660 т/х пареа со: 140 бар и
о
540 Ц. Има 2 оџака со висина од 250 м (за И, Ⅱ блок) и за Ⅲ. Парната турбина е трицилиндрична кондензациска со моќност од 225 МЊ, при
3.000 врт/мин, протокот на пареата
о
е 628 т/х, 130 бар и 540 Ц (пк=0,0642 бар). Технолошка вода има од акумулацијата „Стрежево“. Трите ладилни кули се со природен провев (висина 108 м, 27 000 м 3/х вода). Електрофилтерот е со степен на прочистување 99,85%. ТЕЦ „Битола“ работи 7000 ч/год и на мрежата $ предава 13џ106 кЊх/ден електрична енергија. Сл. А.

РЕК Битола РЕК Осломеј

РЕК „ОСЛОМЕЈ“ – рударскоенергетски комбинат во Кичево. Рудник за јаглен – површински коп, се отвора во 1955 г. за јавна потрошувачка, а во 1977 (1,2 мил.т/г.) за ТЕЦ со моќ од 125 МЊ. ТЕЦ започнува со изградбата во 1975, а во работа е пуштена во 1980
г. РЕК „Осломеј“ работи како погон на поранешното ЈП ЕСМ, кое во 2001 се трансформира во А.Д. ЕСМ, а во 2005 г. во фирмата А.Д. ЕЛЕМ. Котелот (ОБ 380) е со капацитет од 380 т/х (РАФАКО – Пол-ска). Парната турбина (ЗАМЕХ – Полска), тип: 13К, е трицилиндрична од кондензациски тип со моќност од 125 МЊ, при 3.000 врт/мин, проток на пареата 380 т/х,
о
130 бар и 540 Ц, (пк=0,09 бар). Во Комбинатот работат околу 652 работници (2006). РЕК Осломеј произведува 600– 700 ГЊх/г. Оџакот е со висина од 180 м. Чадните гасови се прочистуваат со електрофилтер, со степен на прочистување 99,5%. Снабдувањето со вода е од системот „Студенчица“. За ладење на кондензаторот има посебна ладилна кула со природен провев, со висина 64 м, низ која циркулираат
3
17.000 м /х разладна вода. Сл. А.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *