РЕНЏОВ, Михаил Петров

РЕНЏОВ, Михаил Петров (Штип,
25. Ⅷ 1936) – поет, раскажувач, преведувач, есеист. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ (од 1965). Од повеќето врвни преводи треба да се издвои неговиот препев на епот <Гилгамеш“. За својата единствена збирка раскази <Захариј и други раскази“ (2004) ја добива Рациновата награда. Критиката вели дека е поет на сликата и на звукот. Неговата поезија ја сочинуваат кратки поетски форми. Она што може да се забележи како новина во поетската практика како кај Ренџов така и во современата македонска поезија, особено во неговата поема „Тој“, е тоа што во функција на стих се поставува само еден збор (модел познат и кај В. Мајаковски и Н. Ј. Вапцаров). Ренџов во својата поезија ја спроведува и поетиката на отсутното. ДЕЛА: поезија: Иселеник на огнот (1965), Ноќно растење на зборот (1967), Каде од оваа страна (1968), На работ од сонот (1972), Страв (1976), Полноќ (1979), Нерези (1982), Аутодафе (1985), Феникс (сонети, 1987), Земја. Потоп (1991), Тој (лирска поема, 1993, шпил (1994), Вечната бесконечната (1996), Јас оксиморон (1998), Псалми (2000,), Апокалипса (2002), Гали чица (2007). ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Лидија Капушевска-Дракулевска, Поети ка на несознајното (2002); истата, Поетика на изненадувањето (2003). В. М.-Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *