РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАТО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАТО. На 23. ⅩⅠⅠ 1993 г. Собранието на РМ донесува одлука за зачленување во НАТО. РМ станува дваесет и седма членка на Програмата „Партнерство за мир“ (иницирана заради стабилност и безбедност на цела Европа на 15. Ⅺ 1995), кога станува членка и на Северноатланскиот совет за соработка (во состав од држави-членки на НАТО и државичленки на Партнерството), од 30. Ⅴ 1997 г. Евроатлански партнер-ски совет, откога го исполнува условот за претходно стапување во членство во ОБСЕ, пристапува кон Партнерството за мир на 15. Ⅺ 1995 г. На 12. Ⅳ 1996 г. Владата прифаќа Правила за однесување на НАТО. Договор за статусот на силите на НАТО во РМ се склучува на 30. Ⅴ 1996 г. (во сила од 19. Ⅶ 1996). Канцеларија за врски на РМ во Брисел се отвора на 14. Ⅵ 1996 г. РМ е примена во Процесот на преглед и планирање (ПАРП) на 16. Ⅳ 1997 г. На 2. ⅩⅠⅠ 1998 г. Владата на РМ носи одлука за доаѓање сили на НАТО во РМ заради извлекување на Верификационата мисија на НАТО во Косово. На 9. Ⅵ 1999 г. Северноатланскиот совет на НАТО го одобрува ажурираниот план за распоредување сили од составот на КФОР во РМ. Првите војници на НАТО во рамките на мировниот процес пристигнуваат во РМ на 17. Ⅷ 2001 г. и во три одвоени мисии остануваат до 31.Ⅲ 2003 г. НА 2. Ⅴ 2003 г. во Тирана е склучена Повелбата за партнерство меѓу САД и Р Албанија, Р Хрватска и РМ, која во периодот што следува интензивно се спроведува.
ИЗВ.: Министерство за одбрана на РМ,
Скопје, 2007.
ЛИТ.: С. Скариц, Лањ, Форце анд Пеаце: Мацедониа анд Косово, Скопје, 2002. Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *