РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ. Непосредно по Втората светска војна, ДФЈ е една од вкупно 51 држава-основоположнички на ООН.
РМ, како составен дел од ДФЈ, ФНРЈ и СФРЈ влече континуитет во смисла на активностите на претходниот федеративен субјект во рамките на Организацијата, но не и континуитет во смисла на формално членство. По распадот на СФРЈ се отвораат процедури за прием на новосоздадените држави-наследнички на СФРЈ во ООН. Одлуката за стапување во членство во ООН ја донесува Собранието на РМ на 29. Ⅶ 1993 г. Врз основа на таа одлука претседателот на РМ Киро Глигоров упатува писмо до Генералниот секретар на ООН Бутрос Гали на 30. Ⅶ 1992 г. со барање РМ да биде примена во членство. Со цел да го спречи приемот, Р Грција на 25. И 1993 г. до Генералниот секретар на ОН упатува меморандум во врска со барањето на РМ за прием во членство за кое тврди дека е елемент на понатамошна дестабилизација на регионот на кус и долг рок. На 3. Ⅱ 1993 г. РМ упатува одговор на грчкиот меморандум до Генералниот секретар, во кој наведува аргументи за исполнувањето на елементите на државност и ги опишува штетите што РМ ги трпи поради одолжувањето на процесот за меѓународно признавање. Генералниот секретар го доставува барањето за членство до Советот за безбедност. На 3196-тата седница Советот за безбедност го разгледува Извештајот на Комитетот за прием нови држави-членки и без гласање ја усвојува Резолуцијата 817(1993). Советот за безбедност му препорачува на Генералното собрание на ООН „државата чие барање е со-држано во документот С/25147, да биде примена во членсто на ОН и на таа држава, за сите потреби во рамките на ОН привремено да $ се обраќаме со референцата ,поранешна југословенска Република Македонија’, с“ додека не се надмине разликата што се појави околу името на државата“. На 8. Ⅳ 1993 г. Генералното собрание ја усвојува препораката на Советот за безбедност и со акламација донесува одлука за прием на РМ во членство на Организацијата. РМ не поведува постапка пред Меѓународниот суд на правдата за разрешување на спорот со Р Грција околу името, ниту ја покренува процедурата за добивање советодавно мислење од Судот на прашањето дали во случајот на прием на РМ во ООН е прекршено меѓународното право и Повелбата на ООН. Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци на ООН (основан со Резолуција бр. 319/428 од 14 ⅩⅠⅠ.1950 г. на Генералното собрание на ООН) во Скопје се
отвора во април 1992 г., непосредно по доаѓањето на првиот бран бегалци од РБИХ. Правна основа е Меморандумот за разбирање (8. ⅩⅠⅠ 1994). Канцеларијата $ дава поддршка на Владата на РМ и на другите надлежни институции во давањето меѓународна заштита на
65.000 (од војната во БиХ) и
350.000 (од војната во Косово) бегалци и баратели на азил во согласност со меѓународните стандарди. Во периодот 2007–2008 г. поранешниот министер за надворешни работи на РМ и екс амбасадор Срѓан Керим ја извршува функцијата претседател на 62 Генерално собрание на ООН.
ЛИТ.: Игор Јанев, Легал Аспецтс оф тхе Усе оф а Провисионал Наме фор Мацедониа ин тхе Унитед Натионс Сѕстем, АЈИЛ, вол.93, 1999, пп.157; Татјана Петрусевска, Рецогнитион оф тхе Републиц оф Мацедониа: проблемс анд перспецтивес, Интернатионал Цонференце оф тхе Центер фор Студѕ анд Ресеарцх он тхе Балканс, Монтесљуиеу Университѕ – Бордеауџ Ⅳ, Тхе Сенате, Парис, 2002. Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *