РЕПУБЛИЧКИ ОРГАНИ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА

РЕПУБЛИЧКИ ОРГАНИ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА. По ослободувањето на Република Македонија управната функција во

областа на физичката култура ја вршело Министерството за образование (1945–1950), а потоа Комитетот за физичка култура на Владата на НРМ (1947–1950). По децентрализацијата била создадена Комисија за физичка култура на Владата на СРМ (1957–1971). Именувани претседатели биле: Реис шаќири, Круме Наумовски и Бајрам Гоља. Истовремено, за стручните работи СОФКМ основала Институт за спорт на чело со Страте Арсовски (1954–1957), а Владата на СРМ за аналитичкостручните и управните работи формирала Републички завод за физичка култура во Скопје (1957–1971) и го назначила Андон Симовски за директор. Со формирањето на Комитетот за физичка култура (1971–1982), под претседателство на Живко Василевски (1971–1974) и Предраг Кушевски, биле укинати Комисијата и Заводот. Министерството за образование и физичка култура станало надлежен орган за работите во оваа област (од 1982), потоа Министерството за спорт (1998– 2002), а сега е Агенцијата за млади и спорт на Владата на РМ. Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *