РЕТКИ И ЗАГРОЗЕНИ ВИДОВИ АЛГИ ВО МАКЕДОНИЈА

РЕТКИ И ЗАГРОЗЕНИ ВИДОВИ АЛГИ ВО МАКЕДОНИЈА.
Флората на Македонија се карактеризира со присуство на поголем број ретки и загрозени видови алги. Наведени се 107 загрозени, 107 ретки, 85 ендемични, како и 9 исчезнати видови дијатомеи (Бацилариопхѕта), главно видови од реликтните езера Охридското и Преспанското (Диплонеис домблитенсис, Плацонеис јурилјии, Навицула хаста, Цѕцлотелла фоттии), но и од стаништата што се под силен антропоген притисок, каде што се загрозени видовите поради губењето на нивните природни живеалишта (Дојранското Езеро со Нитзсхиа елегантула, Нитзсхиа реверса). Значителен дел од ретките и загрозени дијатомеи отпаѓа на видови што се распространети во бореалната или алпската зона, а во Македонија се среќаваат на високопланинските екоситеми (Плацонеис ампхбола, Неидиум децоратум, Навицуладицта псеудосилицула). Св. К.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *