РЕЏЕПОВСКИ, Реџеп

РЕЏЕПОВСКИ, Реџеп (Куманово, 14. ⅩⅠⅠ 1962) – боксер. Бил

член на Боксерскиот клуб „Куманово“ во Куманово. На Републичкото првенство во Битола (1980) станал младински, а на првенствата на Југославија во Сплит (1981) и Валево (1984) сениорски првак и репрезентативец на Југославија. На балканските првенства во Измир (Турција, 1981) освоил сребрен, а во Атина (Грција, 1983) златен медал. Бил победник на меѓународните турнири во Балатон (Унгарија, 1981), „Белградски победник“ (1981) и „Златен гонг“ во Скопје (1983 и 1985), а при второто освојување е прогласен и за најдобар боксер. На Олимписките игри во Лос Анџелес (САД, 1984) освоил сребрен медал. На домашните и на меѓународните натпревари во поединечна конкуренција и за својот клуб настапил вкупно 126 пати со 115 победи, 4 нерешени и 7 порази, а освоил 10 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.
ЛИТ.: Живко Лазаревски и Петар Трајковски, Кумановските олимпијци, Куманово, 1984. Д. С.
’РЖ (Сецале цереале Л.) – едногодишен страничнооплоден вид. Кај

нас со пченицата е најстара смеска под името наполица. Стеблото (сламата) е доста долго (80–250 цм), грубо и служи за покривање
објекти. Зна
’Рж
чењето му е и што интензивно се собира до есен. Во РМ се сее на околу 7.300 ха и има просечен принос од 1.500 кг/ха зрно. Во поново време с“ повеќе се работи на хибридот тритикале (пченица –’рж), како и на тетраплоидна ’рж. П. Ив.
Површински коп во рудникот ’Ржаново
’РЖАНОВО – рудник на Фе-Ни руда, кој се јавува на контактот помеѓу јурските серпентнити и шкрилците во подината и кредните варовници во атарот на с. ’Ржаново. Просторно, рудниот слој има субвертикална положба и под влијание на силните тектонски движења има инверзна положба. Минералната асоцијација на рудата воова латеритско наоѓалиште
е: магнетит, хематит, клинохлор, талк, сепиолит, пирит, магхемит, пиротин, дигенит, милерит и др. Годишната продукција е околу
800.000 тони руда, со околу 1% Ни, 30% Фе, 0,05% Цо. Вкупно утврдените геолошки рудни резерви на Фе-Ни се 42 милиони тони со 31% Фе и 1,03% Ни.
ЛИТ.: Блажо Боев, и др., Наоѓалишта на никел и никлоносно железо во Вардарската зона со посебен осврт на рудната серија ’Ржаново–Студена вода, Посебно издание бр. 3, РГФ, Штип, 1996. Т. Сер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *