РИБАРОВСКИ, Ристо

РИБАРОВСКИ, Ристо (Букурешт, 9. Ⅴ 1943) – геод. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1990) по предмети од областа на геодезијата. Дипломирал во Белград (1967), специјализирал во Букурешт (1978). Заслужен е за формирањето и развојот на Геодетскиот оддел на Факултетот. Поважни книги: „Теорија на грешки со израмнување“ (1986, 1997), „Вовед во виша геодезија“ (1994), „Геодетски пресметувања“ (1999), „Практична геодезија“ (2003) и „Виша геодезија“ (2005). Љ. Т.

Кирил Рибарски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *