РИЗАОВ, Ерол

РИЗАОВ, Ерол (Кочани, 18. Ⅺ 1950) – новинар, политички аналитичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Со новинарство почнал во 1977 г. бележејќи брз подем – приправник во Градската рубрика, соработник и коментатор во Внатрешнополитичката рубрика, помошник, па заменик на главниот и одговорен уредник, во периодот 1996– 1999 г. одговорен уредник во „Нова Македонија“. Еден од основачите на „Утрински весник“, негов прв директор (1999) а пет години подоцна главен и одговорен уредник. Објавувал текстови во љубљанско „Дело“. Б. П. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *