РИЗОВСКИ, Радослав

РИЗОВСКИ, Радослав (с. Рожден, Кавадаречко, 16. Ⅸ 1935 – 20. Ⅶ 2008) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа одгледување на шумите и за предметите Фитоценологија и Паркови со заштита на човековата средина. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1959), каде што е избран за асистент (1961). Магистрирал на шумарскиот факултет во Загреб (1969), а докторирал на Земјоделско-шумарскиот во Скопје (1973), каде што е избран за доцент, а потоа за редовен професор (1985).

Врвен флорист и фитоценолог, познат и надвор од нашата земја. Објавил голем број научни и стручни трудови, а учествувал и во решавањето на повеќе научни и стручни проблеми од неговата област. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *