РИЗОВ, Ризо

РИЗОВ, Ризо (псевд. Константинович) (Велес, 1. И 1872 – Скопје,
6. И 1950) – истакнат македонски национален деец. Се школувал во Велес и ќустендил. По основањето на МРО станал нејзин член и дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. Учествувал во Илинденското востание и во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград. По Првата светска војна бил еден од основачите на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Декларацијата за автономна Македонија и против новото поробување. Бил еден од основачите на ВМРО (Об), приврзаник на идејата за создавање македонска национална партија во Вардарскиот дел на Македонија. Се застапувал за обединување на македонските револуционери во единствен ослободителен македонски национален комитет. Како претставник на ВМРО (Об) престојувал во Австрија, Германија и СССР и ја запознавал светската јавност со праведната ослободителна борба на Македонскиот народ за слобода и сопствена држава. По Ослободувањето на Македонија се вратил во Скопје.
ЛИТ.: Иван Катарџиев, Време на зреење, Ⅱ, Скопје, 1977; БКП, Коминтерн„т и македонски®т в„прос, Ⅱ, Софи®, 1999. О. Ив.
Радослав
Ризовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *