РИМСКО-ДОРСКИ СТИЛ ВО ПЕЛАГОНИЈА

РИМСКО-ДОРСКИ СТИЛ ВО ПЕЛАГОНИЈА – идентификуван во Пелагонската Висорамнина, во градот Стибера (кај с. Браилово) и во стариот Астибо (Штип). Камените архитектонски елементи се претставени со бази, делови од столбови, капители, архитрав и со фриз. Во Чепигово се откриени три римско-дорски бази со плинта и само еден торус. Дел од канелирана колона од Стар Конак, во Штип. Трите капители се со врат, тесен корниз, благо издадена ехинус перница и плинта. Потекнуваат од Чепигово, од Чука Браненици (помеѓу Пашино Рувци и Чепигово) и од Браилово. Единствениот дел од римско-дорскиот архитрав имал правоаголен пресек со регула (капалица) и со 6 гути (капки) во горниот хоризонтален дел, регистриран во с. Чепигово. Во дворот на црквата „Св. Дух“ во соседното село Тројкрсти се наоѓа и единствениот дел од римско-дорски фриз, со карактеристичните елементи (триглиф и метопи во плиток релјеф). Датира од И в. пр.н.е. до Ⅱ. в. пр.н.е.
ЛИТ.: В. Лилчиќ, Римско-дорскиот ред во Македонија, „Македонско наследство“ 16, Скопје, 2001, 3–17; истиот, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, И, Скопје, 2001, 28–29, 55, 420–437, 458, карта 1. В. Л.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *