РИСТАНОВСКИ, Никола

РИСТАНОВСКИ, Никола (Витковица, Острава, Чешка, 23. И 1969)
– театарски и филмски актер. Дипломирал на Факултетот за драм-ски уметности во Скопје (1993). Од 1994 г. е во Драмата на МНТ. Освен на матичната сцена, настапува и на театарските сцени во Македонија, Србија и Црна Гора.
Улоги: Раскољников („Злосторство и казна“), Андреа („Буре барут“), „Болен Дојчин“ („Лепа Ангелина“), Леоне („Глембаеви“), Лапохин („Вишнова градина“), Ден („Поблиску“), Дон Жуан во истоименото дело, Лулу („Маме му ебам кој прв почна“) и др. Настапил во филмовите: „Светло сиво“; „Преку езерото“; „Збогум на
дваесеттиот век“; „Буре барут“. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *