РИСТЕВСКИ, Борис

РИСТЕВСКИ, Борис (Битола,
18. Ⅱ 1929) – агроном, проф. по овоштарство и др. предмети, ав-тор на учебници и книги. Завршил Земјоделски факлултет во Скопје (1954). До 1958 г. работел во стопанството, а потоа како професор во Земјоделското училиште во Битола. Во октомври 1960 г. е примен како асистент по овоштарство. Магистрирал во Земун (1966), а докторирал во Скопје (1969). Матичен предмет му бил Општото овоштарство, но по потреба предавал и други предмети. Сам и со коавтори публикувал над 260 научни и стручни труда, како и осум учебници и книги. Б. Р.

Душан Ристевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *