РИСТЕВСКИ, Душан Трајчев

РИСТЕВСКИ, Душан Трајчев
(Битола, 22. Ⅱ 1954) – македонски писател, културно-национален деец и општественик. По иселувањето во Сиднеј, Австралија (1973) завршил Виша социјална школа (1985), дипломирал на Факултетот по социологија (1991) и магистрирал на Факултетот по социологија и хуманистика (1996) – специјалист за советување и психотерапија. Ја извршувал функцијата државен комисионер на Комисијата за етнички работи (1987– 1990), а потоа е советник-терапевт за ментално здравје во Службата за ментално здравје во регионот Ст. Георге во Сиднеј (од 1991). Активен е во македонската заедница (од 1976): основоположник и претседател е на Македонското литературно друштво во Австралија „Григор Прличев“ во Сиднеј (од 1978) – со 270 члена од цела Австралија и со 47 одделни публикации; основач и долгогодишен претседател на Македонско-австралиското добротворно друштво во Сиднеј (1982); претседател на Одборот за организирање на Деновите на македонската култура (1986–1988); иницијатор за формирање на Македонскиот комитет за човекови права во Сиднеј (1989) и на Македонско-австралиското друштво на професионалци (1990), како и на Фондацијата за македонски студии на Универзитетот Маквори; иницијатор за формирање на Австралиско-македонската театарска група за млади во Калтон (1991) и на Австралискомакедонската театарска група во Сиднеј (2007). Член е на Друштвото на писателите (од 1988) ина Друштвото на новинарите на Македонија (1989) во Скопје, како и повеќегодишен уредник на литературното списание „Повод“ во Сиднеј. Автор е на стихозбирки (на македонски и на англиски јазик) печатени во Сиднеј и на монодрами изведувани или печатени на македонски во Австралија и во Македонија (1990–2006).
БИБЛ.: стихозбирки: Полутици (1884), Копча (2001), Страдалници на сонот (1992), Цвеќе–жена (2003), Мајка (1990), Неда (1996), пиеси: Протест (1992) и Страв и срам (1996). Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *