РИСТЕСКА, Гордана

РИСТЕСКА, Гордана (Прилеп, 14. Ⅹ 1944) – новинар. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Од 1975
г. во „Нова Македонија“: соработник и уредник на Културната рубрика и на Саботниот прилог, внатрешно и надворешно-политички коментатор, постојан дописник од Москва (1989–1993), прв македонски акредитиран дописник од Албанија (1996–1999). Уредник во весникот „Македонија денес“ и во неделникот „Денес“ (2001–2003). Б. П. Ѓ.

Благоја
Ристески-
Платнар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *