РИСТЕСКИ, Бранислав

РИСТЕСКИ, Бранислав (Прилеп, 24. Ⅳ 1959) – археолог. Дипломирал на Филоз. фак. во Скопје, каде што магистрирал и докторирал на теми за средновековната садова керамика, односно за грнчаријата во централните делови на Балканскиот Полуостров. Работи во Институтот за старословенска култура во Прилеп, на чие чело се наоѓа од 2004 г. Вклучен е во повеќе археолошки ископувања на проекти од доцноантичката и особено од средновековната населбинска и фунерарна проблематика, пред с“ во Пелагонискиот регион. Објавил дваесеттина трудови главно од областа на средновековната керамологија.
БИБЛ.: Раносредновековни наоди од Скупи, „МН“, 19, Скопје, 2002; Раносредновековна садова керамика од Република Македонија, „ВизантиŸскиŸ временник“, 65 (90), Москва, 2006. Ел. М.

Милан
Ристески

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *