РИСТОВА, Мирјана Велкова

РИСТОВА, Мирјана Велкова
(Скопје 9. Ⅹ 1948) – редовен професор (2004) на ПМФ, (Институт за хемија). Дипломирала (1972), магистрирала (1981) и докторирала (1993) во Скопје. Изведувала настава по неколку предмети од неорганската хемија за студентите по хемија, како и неорганска и органска хемија за студентите од шумарскиот факултет и хемија на Интердисциплинарните студии по заштита при работа. Научната работа $ е од областа на структурната хемија и примената на спектроскопски методи за решавање на практични проблеми. Објавила 25 научни трудови (во реномирани странски списанија), а на научни собири учествувала со 45 соопштенија (поголемиот дел на меѓународни научни манифестации). Учествувала во реализацијата на повеќе научноистражувачки проекти.
ЛИТ.: Природно-математички факултет

Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 240; 60 години Природно-математички факултет


Скопје, Скопје, 2006, 244–245. Б. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *